Се запали болница во Солун, загина едно лице
Утрово во болница во Солун избувна пожар при што животот го загуби едно лице, соопшти противпожарната служба на градот.
Телото било пронајдено на вториот кат во болницата Папаниколау, каде што се сместени пациентите со ковид-19.
Засега не е позната причината за пожарот, но тоа дополнително ќе се истражи од страна на полицијата.
06.04.2022 - 10:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа