Шабац: Со автомобил им влетал во дневната соба (ФОТО)
Семејство од Шабац минало бессона ноќ откако околу два часот утрово автомобил им влетал во дневната соба. Ги разбудил силен звук, а од шокот што го доживеале не биле ниту во состојба да повикаат полиција разкажуваат членовите на семејството Павловиќ.
„Сите спиевме, не разбуди страшен потрес. Бевме шокирани кога го видовме автомобилот во дневната соба. За малку не беше влезен во електричниот шпорет“ – вели Милена Павловиќ.
Автомобилот кој бил управуван од нивен сосед ја пробил оградата од дворот и преку прозорец влетал во дневната соба од куќата. Возачот на автомобилот е приведен. Се прави проценка на направената штетата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа