Силен земјотрес од 5.5 степени го погоди Чиле
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Земјотресот се случи во близина на градот Кокимбо во централниот регион на Чиле.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 57 километри.
24.03.2025 - 08:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа