Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции

 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев ќе ги исполни своите обврски од договорот за безбедност во Црно Море, но оти ако Русија го прекрши договорот ќе бара дополнителни санкции за Москва и оружје.

-Ако Русите го прекршат договорот, имам директно прашање за претседателот (Доналд) Трамп. Ако го прекршат, еве доказ – бараме санкции, бараме оружје, наведе Зеленски.

Тој договорот го оцени како Зеленски „чекор во вистинската насока“, но оти е „прерано е да се каже дека договорот ќе функционира, но ова беа вистинските состаноци, правилни одлуки и правилни чекори“.

-По ова, никој не може да ја обвини Украина дека не се движи кон одржлив мир, истакна Зеленски.

25.03.2025 - 20:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега