Скандал во здравствениот дом во Кратово: Вработен си земал плата, а си бил во странство

 


СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ѓ.А.(53) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“ и против Г.М.(61) и Т.Д.(62), двајцата од Кратово, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Првопријавената, вработена во Јавната здравствена установа Кратово, во периодот од 15.06. до 30.06.2024, кога била задолжена за евидентирање на вработените во книгата за рапорт на Итната медицинска помош Кратово, за шест смени во текот на јуни 2024 евидентирала еден вработен во книгата и покрај тоа што бил надвор од државата, со што му овозможила за тој месец да прими цела плата и на тој начин го оштетила Буџетот на Здравствениот дом Кратово.

Второ и третопријавениот, исто така, вработени во Јавната здравствена установа Кратово, иако биле должни да го известат директорот, не го сториле тоа.

06.02.2025 - 15:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега