Словенските доктори бараат воведување на задолжителна вакцинација
Словенечкото лекарско друштво ги повика властите да воведат задолжителна вакцинација против коронавирусот со цел да се врати здравствениот систем во нормала.
„Сакаме да ги вратиме сите пациенти на нормален пристап кон лекувањето на сите болести“, се вели во соопштението.
Лекарите посочиле дека словенечките пациенти две години ги одложуваат прегледите.
„Постои итна потреба да се заштитат сите пациенти и да им се овозможи пристап до здравствените услуги што ги имаа на располагање пред пандемијата на коронавирус. Имено, лекарите се соочуваат со дополнителен товар што го носат заболените од коронавирус“, велат тие.
Тие забележуваат дека вакцинацијата е клучна бидејќи го олеснува текот на болеста и со тоа се лекуваат повеќе пациенти од други болести и додаваат дека слободата на поединецот е ограничена од слободата на другите.
„Невакцинираните лица ги загрозуваат вакцинираните и лицата со кревок имунолошки статус, што не е етички. Вакцинацијата е бесплатна и достапна за сите жители на Словенија“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, Словенија ја забрани масовната новогодишна ноќ на отворено, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови, со презентација на потврда за ковид и негативен тест, кој без разлика на статусот на ковид, секој ќе мора да го има.
Словенечката влада најави епидемиолошка рамка која ќе биде на сила за време на божиќните и новогодишните празници, што е многу поблага од лани кога речиси се` беше затворено.
За разлика од минатата година, во црквите ќе се одржуваат полноќните миси, но ќе можат да присуствуваат само оние кои ги исполнуваат условите за ДСП, што значи дека се вакцинирани против Ковид-19, дека се опоравиле или се тестирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа