Со ин витро во скопска клиника: Соња (57) и Марко (69) конечно ќе добијат дете

 

По 22-годишна борба за потомство, 57-годишната Соња и 69-годишниот Марко Миротиќ од Грбавац, Подгорица, го очекуваат своето дете во Април. За среќните и позитивни луѓе според кои годините се само број, најголемата желба ќе се оствари годинава.

По осум спонтани абортуси, многу труд, маки, операции, оплодувања, паузиравме, малку се откажавме од тоа. Случајно, Вања (Милошевиќ, гинеколог) ми е братучетка, неколку пати ја посетив и ме упати кај д-р Ана Јеремиќ, која потоа нè испрати во Скопје, бидејќи таму не постои возрасна граница за донација на јајце-клетки. Така ја продолживме таа борба и ете, се оствари, изјави Соња за порталот Дан.

Велат дека паровите кои имаат ист проблем, треба да веруваат во себе и да се борат. 

- Прво, треба да веруваат во себе и во партнерот и да имаат огромна желба за тоа. Можеби ќе им се случи да помислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психата, но тоа е и удар по нивниот џеб, но само нека бидат упорни и веројатно ќе им се оствари желбата. Оние кои веруваат во чуда создаваат чуда. Нека не се откажуваат. Никогаш нема да го заборавам моментот кога мојот сопруг дојде и ги донесе резултатите. Ги видов бројките и почнав да скокам од среќа, да плачам, да викам, да се смеам. Марко едвај ме смири. Веднаш му се јави на внукот, а потоа му кажа дека неговата стрина е бремена. Тоа беше прекрасен момент, се присети Соња.

17.02.2025 - 11:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега