Спасен словенечки државјанин во Црна Гора, останал со скршен чамец на отворено море

 

 

Тимот на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа (УПСУЛ) во Црна Гора спаси словенечки државјанин на два километра од брегот во Буљарица.

Како што информираат од УПСУЛ, тој пловел со својот двометарски чамец, кој бил скршен, па невремето го однело на отворено море.

„И покрај предвидениот северен ветер и предупредувањето да се внимава при испловување, Управата за поморска безбедност и управување со пристаништата добила повик дека на едно лице гумениот чамец од два метра му се расипал на плажата во Буљарица и дека го носи силно невреме на отворено море“, соопштија од Управата.

Словенечкиот државјанин бил спасен за помалку од 45 минути.

Во Црна Гора, каде што беа забележани огромни бранови, вчера животот го загубија две лица. Поради силниот ветер, издадена е препорака до капачите и сопствениците на бродовите да не излегуваат на отворено море бидејќи постои голем ризик.

27.07.2023 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега