Специјалниот британски пратеник за Западен Балкан во посета на БиХ
Специјалниот британски пратеник за Западен Балкан, Стјуарт Пич денеска ќе ја посети Босна и Херцеговина, каде ќе се сретне со членовите на Претседателството, а се очекува да разговара и со други високи функционери.
Премиерот Борис Џонсон рече дека Пич во Босна и Херцеговина ќе продолжи да го поддржува високиот претставник Кристијан Шмит, за кого рече дека има целосна поддршка од Лондон.
Посетата на Пич е една од серијата посети на странски официјални претставници за посредување во клучните политички прашања во Босна и Херцеговина.
Неговата посета е речиси две недели откако британскиот премиер Џонсон го назначи за специјален пратеник. Тој беше избран за пратеник набргу откако поднесе оставка од функцијата претседател на Воениот комитет на НАТО на почетокот од оваа година.
Меѓу другото, тој беше шеф на британскиот одбранбен штаб и шеф на воената разузнавачка служба – зад себе има долга воена кариера.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа