Србија и Косово истовремено да бидат примени во ЕУ?

 

Поранешниот посредник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Роберт Купер смета дека би било добро Косово и Србија истовремено да бидат примени во ЕУ.

Измена на косовскиот устав, според него, е многу можна за да се реши прашањето на формирање на Заедницата на српски општини, јавува Б92.

-Тоа би можело да биде решение за Заедница на општини со српско мнозинство, а би овозможило да се реши прашањето на Северот и Србите да бидат застапени во политичка смисла на Косово, истакна Купер.

Според него, ако и Србија и Косово влезат во ЕУ, тоа е како да се менува Уставот. Купер исто така вели дека пред 10 години за време на дијалогот не се разговарало за размена на територии. Тој смета дека сите треба да бидат внимателно по однос на ова прашање.

02.07.2021 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега