Србин го ставил Путин на табличките, полицијата му ја заплени колата (ВИДЕО)

 

Српското МНР, одзеле возило марка „БМВ М5“, поради сомнени дека сторило кривично дело фалсификување исправа, пренесуваат српските меидуми.

Сопственикот на возилото кој бил на привремена работа во Русија, на автомобилот си поставил механизам за криење на табличките, а зад вистинските таблички стоело името на рускиот претседател, Владимир Путин.

Човекот се пофалил со овој „изум“ на социјалната мрежа TikTok, кој привлече големо внимание во јавноста во Тутин, пишува Курир.

Полицијата го проверила возилото и утврдила дека зад вистинските регистарски таблички на возилото има лажни таблички со ознаки „ТТ ПУТИН“.

Возилото е веднаш одземено и ќе се чува до 90 дена, а според информациите сопственикот на возилото моментално се наоѓа надвор од Србија.

17.12.2021 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега