Српската полиција ѝ го одзеде пасошот на мистериозната пријателка на Матеј
Пријателката на Матеј Периш, сплиќанка со која тој комуницирал на кобната вечер, не смее да ја напушти Србија. Јутарњи лист пишува дека српската полиција и го одземала пасошот.
Ненад Периш, таткото на Матеј, ја пречекал пред повеќе од десет дена во Белград, пред зградата на полицијата. Јуратњи ги цитира зборовите на Ненад, кој вели Маја не успеала да комуницира со Матеј. Точноста на таа изјава допрва треба да се утврди.
Во меѓувреме, полицијата продолжува да ги испрашува пријателите на Матеј во Сплит. Утврдено е дека друштвото нарачало шише виски од двајца различни келнери во „Готик“, па имало две сметки, а наводно сега пријателите на Матеј тврдат дека наздравувале со шише виски што го платил Матеј, кога него веќе го снемало.
– Сите претреси и истражни активности интензивно продолжуваат и МВР на Република Хрватска соработува според барањата испратени од МВР на Србија – напиша Ненад Периш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа