Српски јутјубер пронајден мртов, неколку часа пред смртта објавил вознемирувачка порака

 

 

 

 

Јутјуберот Мирко Рашиќ (33) денеска е пронајден мртов, а неговото тело го пронашол неговиот колега.

Мирко Рашиќ бил еден од најпознатите и најпопуларните белградски автомеханичари, автор во Србија и регионот на популарниот канал на YouTube Unauthorized Servicer.

Рашиќ бил автомеханичар и инфлуенсер од Белград. Работел со својот татко од деветгодишна возраст. Бил инфлуенсер во областа на механиката и автомобилизмот. Мирко, според неговите зборови, го правел она што навистина го сакал и се трудел да биде најдобар во тоа.

Неговото несебично споделување на професионално знаење и начин на интерпретација на мрежите привлече голем број ентузијасти на механиката и автомобилите за многу краток временски период.

Неговата последна приказна објавена неколку часа пред да биде пронајден мртов особено ги загрижи неговите следбеници. Станува збор за дел од рап песна.

„Седам во собата со твојата крв на рацете, се трудам да не ги слушам тие сенишни шепоти, седам во сенките и чадот ми се лизга од усните, ѓаволот ме влече за ракав до работ на лудилото. Слушам дека сте видени, закотвени на обвинителна клупа, се упативте кон рајот, но завршивте во чистилиштето! Велат – не сте добри за царството небесно, дека нема место таму… Не ми се верува дека дојде крајот, но како и да е, сите кучиња одат во рајот“.

23.05.2023 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега