Српскиот министер за одбрана за Михајловиќ: Твоето лавовско срце ќе ни биде ѕвезда водилка
Ненадејната смрт на српскиот фудбалски ас, Синиша Михајловиќ одекна низ светот, особено во Србија.
Министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ беше меѓу многуте локални личности кои се простија од фудбалската легенда.
„Пријателе, прерано и неправедно не остави и отиде во вечноста. Почивај во мир добар Миха и знај дека твоето големо, лавовски срце ќе биде ѕвезда водилка за генерациите што доаѓаат. Моето искрено сочувство до семејството“ – рече Вучевиќ.
16.12.2022 - 17:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа