Срушен рекордот на новозаразени од ковид во Грција: Над 50.000 во еден ден

 

Рекорден број новозаразени со корона вирусот е регистриран во Грција – 50.126, покажуваат податоците на грчката здравствена агенција.

Претходниот рекорд од 40.560 случаи беше поставен на 31 декември, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Во последните 24 часа во Грција од корона вирусот почина 61 лице.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус, во земјава се заразени 1.344.923 лица, додека 21.053 починале.

04.01.2022 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега