СЗО: Во Украина десет милиони луѓе може да страдаат од ментални нарушувања
Претставникот на Светската здравствена организација во Украина, Јарно Хабихт денеска изјави дека 10 милиони луѓе, или околу четвртина од населението на Украина, можеби боледуваат од ментално растројство поврзано со конфликтот во таа земја.
„СЗО проценува дека до 10 милиони луѓе се изложени на ризик од некаква форма на ментално растројство, почнувајќи од анксиозност и стрес до посериозни состојби“, рече Хабихт во Женева.
Потешките состојби вклучуваат посттрауматско стресно нарушување (ПТСН) предизвикано од вознемирувачки настани.
Хабихт рече дека бројот на респираторни заболувања ќе се зголеми со студеното време и недоволното затоплување, како и сообраќајните несреќи предизвикани од неосветлените улици поради прекини на електрична енергија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа