Татко во Будва осомничен дека ја принудил малолетната ќерка да се омажи за да заработи 30.000 евра
Полицијата во Будва уапси едно лице осомничено за трговија со луѓе.
„Уапсен е И. Б., кој, како што се сомничи, сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка на тој начин што, злоупотребувајќи го односот на доверба и зависност, врбувајќи ја и доведувајќи ја во заблуда дека нејзиниот живот ќе се промени на подобро, ја принудил својата малолетна ќерка да склучи брак со непознато лице во Германија, а сè со цел да прибави имотна корист од 30.000 евра“, соопштуваат од Управата на полицијата, пренесува „Вјести.ме“.
Исто така, се сомнева дека И. Б. со години ги терал своите деца да питаат на улиците на Подгорица и Будва. Сите пари што ги собрале со питање му ги предале на татко им, истакнуваат од полицијата.
Против уапсениот и неговата сопруга во претходниот период поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка поради сторен прекршок по Законот за заштита од насилство во семејството или семејната заедница и загрозување на менталното здравје и спокојството на нивните малолетни деца бидејќи не ги спречиле да просат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа