Таткото во шок - не може да поверува: Матеј Периш и пријателите купиле дрога

 

Матеј Периш (27) од Сплит,исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година. Полицијата се уште истражува. На крајот на минатата недела во Белград пристигнаа хрватски инспектори за да разменат информации со колегите од Србија.

Според последните информации до кои дојде „Пинк“, исчезнатиот Матеј Периш и неговите другари ја купиле дрогата „спид“ пред пристигнување во Белград.

– Најновата информација е дека групата млади момчиња на 30 декември заминале од Хрватска во Србија. Тие изнајмиле комбе и купиле значителна количина синтетичка дрога во Загреб. Станува збор за „спид“, а се претпоставува дека ја искористиле пред да одат во клубот – објавија на телевизија „Пинк“.

Според телевизијата, тоа се случило ноќта меѓу 30 и 31 декември.

-Ова е доказ дека никој не им ставил дрога во пијалоците, туку сами си ја набавиле, а се уште не е утврдено кој се дрогирал таа вечер – изјави новинарката на Пинк.

Таткото на Матеј, Ненад Периш, вели дека е шокиран од оваа информација и дека неговиот син „никогаш не земал наркотици“.

„Добро го познавам Матеј и повторно тврдам дека тој никогаш не земал наркотици. Шокиран сум од информацијата која се појави во медиумите дека купиле „спид“ на пат кон Белград. Очигледно мојот син е виновен за неговото исчезнување. Повторувам, мене ме интересира само вистината, каква и да е. Никој никогаш не ми кажа дека Матеј може да исчезне во 15 часот. Па, претпоставувам дека како татко би морал да го знам тоа, претпоставувам дека некој би го барал. Мојот син имаше многу планови за иднината и сето тоа ми изгледа неприфатливо – тврди Периш.

Она што таткото сака да го знае е кој и ги дал овие информации на полицијата.

– Во Белград сум од првиот ден. Никој од неговите пријатели не ми спомна дека застанале да купат наркотици. Сето ова ми изгледа како филм – вели Периш.

07.02.2022 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега