Тесла ја напушта Силиконската долина и се сели во Тексас: Слабее моќта на Калифорнија
Компанијата Тесла се сели од Силиконската долина во Тексас, објави извршниот директор Илон Маск, кој предвидува дека центарот на високата технологија во Калифорнија може да го изгуби своето влијание, пренесуваат британските медиуми.
Маск рече дека Калифорнија има „премногу влијание врз светот“, но дека нејзината моќ ослабува.
Тесла, чија вредност се проценува на 500 милијарди долари, ќе гради нова фабрика во Остин, пренесува Би-Би-Си.
Вселенските деловни капацитети „ Space X “ веќе работат во Тексас.
„Двете најголеми работи се развојот на проектот„ Starship“во Јужен Тексас и големата нова американска фабрика Тесла, изјави Маск за „Волстрит журнал“.
Во мај, Маск се закани дека ќе го премести Тесла во Тексас откако локалните власти го одбиле неговото барање за отворање на фабриката и покрај воведените мерки за борба против пандемијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа