Тетовчанец крадел струја - кривично ќе се гони
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(59) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
На 22.10.2024, екипа на ЕВН извршила увид и констатирала дека пријавениот неовластено преземал електрична енергија со директно премостување на мерниот уред, без контрола и мерење на потрошена електрична енергија.
12.12.2024 - 16:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа