Тинејџери од БиХ се качиле врз воз поради „Тик-ток“, па ги удрила струја

 

Тројца малолетници се повредени синоќа во Зеница откако се качиле врз воз.

Како што пренесуваат медиумите од регионот, тие се качиле врз возот во населбата Дривуша, а потоа настрадале од струен удар.

Според неофицијални информации, сите тројца малолетници добиле изгореници, а еден е во тешка состојба, пренесе „Блиц.рс“.

Тој синоќа од кантоналната болница во Зеница итно бил префрлен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево со тешки изгореници на телото.

Тие наводно се качувале во возот за да снимаат видео на „Тик-ток“.

26.06.2023 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега