Трагедија ја потресе Македонија: Загина 22-годишна девојка по удар од автомобил на Партизанска

 


Доцна синоќа 22-годишна девојка била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“, по што починала.

Несреќата се случила вчера во 23:43 часот, каде автомобил „пежо 207“ со скопски таблички управуван од В.Ј.(20) од Скопје, удрил во пешакот Ф.К.(22) од Скопје, информираат од МВР.


 

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Возачот В.Ј. бил уапсен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

30.01.2025 - 09:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега