Трагедија во Хрватска: Брза помош прегази 3 малолетнички, седеле до возилото но возачот не ги видел
Возило на брза помош прегази три малолетни девојчиња во Хрватска, од кои едната е тешко повредена.
Во Загреб три малолетни девојчиња се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила претходната вечер кога на нив налетала Брза помош која се враќала од интервенција на терен, пишува „Јутарњи лист“.
Несреќата се случила на загрепски Бундек нешто по 22 часот.
Според првичните информации, возачот на Брзата помош прегазил три малолетни девојчиња кои седеле до возилото на тротоарот и кои не ги видел кога го стартувал возилото.
22.06.2023 - 10:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа