Трагедија во Србија: Умре бебе од корона, старо само два месеци
Веста која ја потресе не само Србија, туку и целиот регион е премногу рано згаснатиот живот на двомесечно бебе. Причина за неговата смрт е опасниот коронавирус.
Бебето починало на Детската клиника во Белград.
За жал, првото бебе кое го примивме кога имаше само десет дена, почина минатата недела по речиси шест недели борба за неговиот живот на клиниката, изјавила лекарката Снежана Рсовац.
Моментално, на клиниката биле сместени уште две бебиња.
22.11.2021 - 11:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа