Три земји членки на ЕУ бараат укинување на безвизниот режим за Косово, објави поранешниот министер Селими

 

 

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово, Петрит Селими, објави во пост на Твитер дека според последните информации, три земји членки на ЕУ бараат суспензија на безвизниот режим за Косово.

Селими прецизираше на Твитер дека тие три земји размислуваат да побараат суспензија на средствата од ИПА-фондовите и на визната либерализација за Косово поради ескалацијата на ситуацијата на северот од Косово, што тој го оценува како драстични и неприфатливи потези.

„Најнова информација од разговорите во рамките на ЕУ: најмалку три земји-членки на ЕУ (тука нема да ги именувам) размислуваат да побараат суспензија на ИПА фондовите и на визната либерализација за Косово. Тоа се драстични, неприфатливи потези. Сега ни требаат конкретни решенија за Косово,“ напиша Сељими.

Во одделен пост, Селими ги посочува како извор на информацијата брифинзите од европскиот Комитет за политика и безбедност.

„Повторно ќе речам, ова се интервенции од неколку земји-членки. Некои други членки со право забележаа дека кризата во Косово се совпаѓа со протестите против Вучиќ во Белград,“ посочи тој во твитот.

31.05.2023 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега