Тричлено семејство се удави во Албанија
Татко и неговите два малолетни сина загинаа денеска – се удавиле додека пливале кај плажата Виле-Баштове кај Каваја, објави МИА.
Надлежните служби го идентификувале таткото – станува збор за 50 годишниот Елвис Халилај. Од морето се извлечени и телата на двете момчиња на возраст од 13 и 15 години.
Сите обиди за нивна реанимација не биле успешни. Ќе се истражуваат причините за трагедијата.
09.07.2023 - 17:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа