Уапсен таткото на момчето од Обреновац кое мавташе со пластичен пиштол на училиште по едноминутното молчење
Полицијата го уапсила таткото на малолетниот ученик кој утринава по едноминутно молчење извадил пластичен пиштол во Основното училиште „Јефимија“ во Обреновац.
Со него во полиција отишол и неговиот син, пишува Телеграф.
Истрагата е во тек.
Голема трагедија се случи во средата на 3 мај околу 08:40 часот кога малолетникот Коста К.(13), ученик во седмо одделение, убило 8 ученици од ова училиште и еден обезбедувач, а повредил шест ученици и наставник по историја.
Самото момче повикало полиција и кажало што направило. Веднаш бил уапсено, а потоа татко му и мајка му биле приведени.
Коста К. ги одзел пиштолите од сефот на неговиот татко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа