Убиецот Урош носел маица со нацистички симбол за време на апсењето

 

 

Урош Б. (21), кој со автоматско оружје уби осум и рани 14 лица во селата Орашје и Дубона во Младеновац, во моментот на апсењето носел маица со нацистички симболи, пишува српски „Блиц“.

 

Како што може да види на фотографиите, на сината маица на Урош пишува „Генерација 88“. Двете осмици меѓу поддржувачите на нацизмот ги претставуваат двете букви H, односно кратенката на фашистичката честитка „Хајл Хитлер“ или „Да живее Хитлер“.

Под натписот, има карта на Шпанија, Германија и Италија, земји со кои владееле фашистички режими пред и за време на Втората светска војна. Под картата стои натписот „На турнеја“  кој се споменува во контекст на претходната – „Генерација 88“.

По потрагата по него која траела цела ноќ, Урош Блажиќ утрово е уапсен во селото Вињиште, каде се криел со семејството по извршеното злосторство.

 
05.05.2023 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега