Ученичка од Франција е меѓу жртвите во белградскиот масакр
Француското Министерство за надворешни работи денеска се огласи во врска со масакрот во училиштето во Белград, наведувајќи дека меѓу жртвите во нападот во основното училиште „Владислав Рибникар“ е и девојче од француска националност.
„Со тага дознавме за вооружениот напад што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград утрото на 3 мај, кој предизвика голем број жртви меѓу учениците и наставниците, меѓу кои и ученик од француска националност. “, стои во соопштението на веб-страницата на министерството.
Осум деца и еден обезбедувач утрово се убиени во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и еден наставник се повредени, а напаѓачот сам се пријавил во полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа