Укината забраната за тешки товарни возила на Плетвар

 

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Плетвар се укинува во 20 часот, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. Врнежи од слаб снег се бележат во Битола, Прилеп, Крушево и во Струмица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

13.12.2021 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега