Украински напад во Курск: Убиени се голем број на руски војници
Киев тврди дека до 30 руски војници биле убиени во воздушен напад врз „елемент од воената инфраструктура“ во руската област Курск.
„Како резултат на нападот, целта беше целосно уништена“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб, додавајќи дека нападот „ја ослабнал способноста на непријателот да дејствува против украинските одбранбени сили во регионите Суми и Курск“.
Украина започна упад во областа Курск во август минатата година, но во последните недели нејзините сили се повлекуваат поради рускиот притисок.
Русија и САД тврдат дека значителен број украински сили се опколени во областа Курск, што Украина го негира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа