Урсула фон дер Лајен нема да учествува на отворањето на катедралата Нотр Дам

 

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен нема да присуствува на церемонијата на отворање на париската катедрала Нотр Дам во сабота, објави нејзината канцеларија во петокот, поради тензиите со Франција околу трговскиот договор со јужноамериканските држави.

ЕК објави дека посетата „не е официјално потврдена и дека претседателот не патува за Париз“, иако во четвртокот беше најавено дека Фон дер Лајен ќе оди на церемонијата во Париз.

Портпаролите сега тврдат дека станува збор за „грешка во внатрешната комуникација“.

ЕК не одговара на новинарските прашања дали причината за неизлегувањето е потпишувањето на договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и трговскиот блок Меркосур, на што Франција остро се противи

Во Франција се шпекулира дека Фон дер Лајен ја искористила политичката криза во Франција за да го склучи договорот.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја предупреди фон дер Лајен дека договорот „во оваа форма“ не е прифатлив за неговата земја.

Околу 50 шефови на држави или влади од целиот свет ќе се соберат на церемонијата на отворање на обновената црква Нотр Дам по катастрофалниот пожар пред пет години. Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, беше меѓу првите што одговори на повикот.

06.12.2024 - 20:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега