Утрово земјотрес со јачина од 3,1 степен во близина на Лерин
Утрово во 9:39 часот регистриран е земјотрес на 8 км јужно од Лерин. Земјотресот бил со јачина од 3.1 степен според рихтеровата скала и на длабочина од 4 км.
Претпладневниот потрес е од истото епицентрално подрајче, од кое бевме погодени со силен земјотрес на 9 јануари оваа година.
08.04.2022 - 11:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа