Ужас во Србија: Млад маж побарал запалка од 69-годишна жена, а потоа влегол дома по неа и ја силувал

 

 

Жена (69) вчера била силувана во нејзината куќа кај Бачка Паланка од 23-годишен сосед.

Според извор на Телеграф, жената излегла од куќата во дворот за да оди во полскиот тоалет, кога осомничениот дошол преку улица и и побарал запалката. Таа се вратила во куќата да најде запалка и да му ја позајми, а тој тргнал по неа, влегол во куќата, ја малтретирал и силувал.

Оштетената не го пријавила веднаш случајот, туку на соседот му кажала се, по што решиле да повикаат полиција и да пријават. Полицијата веднаш реагирала и го лоцирала младиот човек, тој е приведен и задржан 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител.

19.04.2023 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега