ВИДЕО: Едно лице е повредено во сообраќајката кај Аеродром

 

Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи предмалку во Аеродром и тоа е надвор од животна опасност. Информацијата ја потврди портпаролот на МВР, Гоце Андреевски за Пресс24.

Сообраќајката се случи во општина Аеродром на раскрсницата по Т.Ц. Бисер кон Ново Лисиче.

Според снимките од терен, во несреќата учествуваат два автомобили, има голема материјална штета, а едниот автомобил е речиси целосно уништен и превртен на кров.

15.04.2025 - 19:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега