(ВИДЕО) Петрушевски до СДСМ: Извинете се за Груби

 

СДС јавно да се извинат за Груби. Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку му го дал пријател, Груби мириса на криминал и корупција.

СДС знаеле што прави Артан Груби, и го дозволиле неговиот криминал, обвини на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

„Со години и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите и граѓаните алармираа и предупредуваа дека Груби ја ограбува државата, а СДС и ДУИ молчеа.

Со што ги држел Артан Груби СДС и ДУИ па никој не смеел да му застане на патот?

Дали уште СДС се уценети од Груби и затоа не смеат да се откажат од него и со што?

Жално е да се гледа како СДС се претвори во партија на уценети политичари, кои заради свој личен комодитет ја уништуваат опозицијата.

Ќе се охрабри ли некој во СДС да каже НЕ на Груби и политичарите кои ги уценуваат во врвот на СДС?“, праша пратеникот Петрушевски. 

11.01.2025 - 11:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега