(Видео) Трае драмата во Бар – бомбашот заклучен во банка преговарал и со црногорскиот вицепремиер

 

Човек во Бар утрово упадна во банка, каде и натаму е изолиран и се заканува дека ќе активира експлозив.

Засега не се знае колку луѓе има во банката. „Раша тудеј“ во насловот на својата вест наведува дека има заложници, но таа вест не е потврдена, ниту пак е пренесена од црногорските медиуми, посочува хрватски „Индекс“.

Полицијата во Бар евакуира дел од улицата „Маршал Тито“ поради закана од едно лице дека ќе активира експлозив, пишува „Вијести“.

Од Управата на полицијата за овој медиум соопштиле дека лицето претходно ставило натпис на банката кој гласел: „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка“.

Службите соопштиле дека евакуирана е зградата во која се наоѓа банката и дел од улицата. На местото на настанот има и противпожарна единица.

Според „Вијести“, преговорите и натаму се во тек, а драмата трае веќе со часови. Со напаѓачот телефонски разговарал и црногорскиот вицепремиер, Дритан Абазовиќ.

 

Претходно напаѓачот во видео што го достави до медиумите, порача дека ако некој испрати приватно обезбедување, војска или полиција да ги „нападне работниците“, тие ќе бидат одговорни за „хаосот што ќе настане“.

Радован Ѓуришиќ, портпарол на Основното државно обвинителство во Бар, за ТВ Вијести изјави дека човекот утринава им забранил на вработените во банката да влезат во филијалата, велејќи дека е вооружен и опасен со експлозив.

„Неговите барања главно се сведуваат на исплата на парични побарувања за вработените во Приморка од страна на банката“, рече Ѓуришиќ.

 

 

 

28.12.2021 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега