(ВИДЕО) Вонредна состојба во Пирот: Повеќе од 50 хоспитализирани по истекување амонијак

 

Повеќе од 50 лица се хоспитализирани во Ниш и Пирот со симптоми на труење со амонијак, откако товарен воз што го превезувал овој гас излета од шините кај Пирот.

Седум лица се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, соопштија од установата, пренесе „Би-би-си“ на српски јазик.

„На одделението за реанимација има четворица пациенти, а на токсикологија двајца пациенти. Сите се со стабилни витални параметри со надразнувачки симптоми и благи хемиски изгореници. Сите пациенти се наши државјани“, велат од Универзитетската болница Ниш, пренесува Бета.

 

Полицијата апелира до луѓето кои живеат во близина да не излегуваат од домовите.

 

25.12.2022 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега