ВИДЕО: Земјотресот во Албанија предизвика помали штети, почувствуван и во Македонија

 

 

Земјотресот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала што ја потресе Албанија предизвика помали штети, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека помала штета е евидентирана во областа Клос, пренесува Коха.

Епицентарот на земјотресот бил на три километри јужно од Клос, а земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија.

Земјотресот беше почувствуван и во делови од Македонија, особено во западните делови, во градовите Дебар, Гостивар, Тетово и околината.

 

16.01.2023 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега