Визна либерализација за Косово, одобрија амбасадорите на ЕУ

 

Амбасадорите на ЕУ усвоија компромисен текст за визна либерализација за Косово пред неговото конечно усвојување во Советот на ЕУ, објави чешкото претседателство со ЕУ на Твитер, наведувајќи дека Косово направило уште еден чекор на својот европски пат.

На почетокот на 2023 година, визната либерализација за Косово треба да биде потврдена од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.Визната либерализација ќе им овозможи на граѓаните на Косово да патуваат и да останат до 90 дена во ЕУ без виза во кој било период од шест месеци.

Режимот за безвизно патување ќе почне да се применува од датумот на започнување со работа на Системот за информации и овластувања за патување на ЕУ (ETIAS), а во секој случај најдоцна до 1 јануари 2024 година.

 

20.12.2022 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега