ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ имале докази, ќе ги објавеле пред 8 години

 


Колку е голем очајот во СДС се гледа во тоа што вадат сметки стари 8 години за да манипулираат за претседателот Мицкоски и министерката Кочовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако имало било што за претседателот Мицкоски и министерката Кочовска, СДС со зурли и на тапани изминативе 8 години ќе го објавеа и процесуираа.

СДС манипулира со сметки, затоа што се очајни и не знаат каде тераат. Ако зборуваме за сметки и кафански ручеци и хотелски сместувања, првото место оди за СДС, нема да се спуштаме на тоа ниво да докажуваме кој што правел, доволно е да се погледне од Бисера Антоанета, преку Маричиќ па надолу.

Зошто е очајот голем? Голем е затоа што за првпат во Македонија нивото на инвестиции е над 1.2 милијарди евра, се покачија плати и пензии.

СДС гледа дека нивната политика е поразена одамна, а падот во рејтинг не им престанува иако се длабоко во опозиција“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

03.03.2025 - 15:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега