ВМРО-ДПМНЕ: Кога Заев ја ограбуваше и продаваше државата СДС силно аплаудираше, а сега глумат душегрижници
Кога Заев ја ограбуваше и продаваше државата, сегашното СДС силно аплаудираше, а сега глумат душегрижници за границата за пензионирање, за кое Владата и ВМРО-ДПМНЕ секако се против, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ и владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, тоа веќе е кажано, и е затворена тема за нас.
Тоа што не сфаќаме е како истите луѓе кои молчеа додека се ограбуваше државата, додека инфлацијата растеше вртоглаво, додека институциите ги распаѓаа или тие лично или нивните најблиски соработници, сега глумат душегрижници, дали мислат дека народот им верува?
Лицемерието и дволичноста на СДС се добро познати на граѓаните.
Во време на СДС имаше пад на економијата највисок во историјата, историски највисока инфлација, осиромашени граѓани, пад на индустриско производство најголем во историјата, додека земјите од регионот имаа раст од над 50% на БДП по глава на жител во период 2017 - 2023, Македонија имаше едвај 20тина%.
СДС ги ограби и девастираше институциите и државните претпријатија. А во исто време без грам двоумење го продаваа идентитетот.
Додека СДС на Заев ја ограбуваше и продаваше државата на големо, сегашното раководство на таа партија беше 3 и 4 ешалон на власт и силно аплаудираше на тоа“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа