Во белградската трагедија животот го загубила ќерката на екстренерот на Црвена звезда
Ќерката на поранешниот тренер на одбојкарскиот клуб Црвена Звезда, Драган Кобиљски е меѓу убиените ученици во училиштето во Белград, јавуваат српските медиуми.
Кобиљски во моментот работи како тренер во романскиот клуб Залау, беше одбојкар на Партизан, а потоа тренер на Црвена Звезда.
„Сите сме шокирани и потресени. Не знам што да кажам. Голема трагедија и незамисливо тоа да се случи на овие простори. Со Драган се познаваме долго, игравме заедно, а сега сме во роднински врски“, изјавил Жељко Танасковиќ, близок пријател на Кобиљски за „Хотспорт“.
Утрово во Белград во училиштето „Владислав Рибникар“, 14-годишен ученик во училиштето уби 8 деца и еден припадник на обзбедувањето во трагедија која ја шокираше Србија и регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа