Во БиХ потврдено присуство на сојот Омикрон на Ковид-19 кај десет лица
Сојот Омикрон на коронавирусот е потврден денеска во Босна и Херцеговина. Сите случаи на инфекција со Омикрон беа потврдени во лабораторијата на Клиничкиот центар во Сараево, каде што стотици примероци земени од пациенти беа тестирани претходно оваа недела во здравствените домови во главниот град на БиХ.
„Од 100 примероци во 10 случаи, потврдена е мутацијата на коронавирусот – сојот Омикрон", изјави Себија Изетбеговиќ, директорка на Клиничкиот центар за телевизија Хајат.
Во изминатите 24 часа во БиХ се тестирани повеќе од три и пол илјади примероци за коронавирус, а заразата е потврдена кај 800 лица. Во сегашниот бран на пандемијата, највисокиот дневен број на новозаразени беше 1.250, а дневниот број во моментов е под илјада во просек. Во БиХ се на сила релативно благи епидемиолошки мерки бидејќи нема посебни ограничувања за работењето на угостителските објекти и нема обврска за доказ за вакцинација или прележан Ковид-19 за влез во која било јавна установа. Граѓаните на соседните земји можат да влезат во БиХ без тие потврди. Од избувнувањето на пандемијата во БиХ, повеќе од 283 илјади луѓе беа заразени со коронавирусот, а нешто повеќе од 12,5 илјади луѓе починаа од Ковид-19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа