Во Хрватска и денеска силно невреме

 

Силно невреме со ветрови со ураганска јачина од над 140 километри на час и денеска го зафати хрватскиот дел на Јадранот, па многу патишта се затворени за сите возила, вклучувајќи го и патот Загреб-Сплит-Плоче.

Силниот ветер го зголемува субјективното чувство на студ, па во Завижан на пример измерената температура е речиси минус 11, а поради ветерот се создава впечаток дека е под минус 22 степени.

Во Лика провејува слаб снег, па возачите се повикуваат да возат внимателно.

Во невремето што вчера ја зафати Хрватска уништена е една стара куќа, гранки и камења ги блокираа патиштата, а ветерот предизвика сообраќајна несреќа во која камион падна во бездна при што загина возачот.

Возачот на камионот загинал при пад во бездна, на делница од патот Карлобаг-Сењ кај исклучувањето за Призна, кој се случил синоќа за време на забрана за сообраќај за сите категории возила поради ураганскиот ветер, соопшти полицијата на жупанијата Лика-Сењ

12.01.2022 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега