Во Србија од утре почнува вакцинацијата со трета доза против Ковид-19

 

Србија од утре ќе почне да ја применува и трета доза на вакцината против Ковид-19, соопшти денеска српската влада. Трета доза на вакцина ќе може да примат граѓаните кои се вакцинирале со втора доза пред најмалку 180 дена.

Т.н. засилувачка доза може да му се даде на секој што сака, без разлика дали припаѓа на групите граѓани на кои тоа им е препорачано. Условот е само да поминале шест месеци од втората доза. Она што е новина е дека граѓаните може да ја изберат вакцината, односно, третата доза може да биде различна од првичната.

Во моментот во Србија има четири видови на вакцини. Станува збор за вакцините на кинески Синофарм, руски Спутник, како и Фајзер и АстраЗенека.

Дополнителната вакцинација се препорачува за лица со оштетен имунитет или имуносупресивни состојби, приматели на трансплантација на коскена срцевина и органи и лица на хемодијализа.

 

16.08.2021 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега