Во тек е вештачење на телефонот на убиецот од Белград, се истражува кому му пишувал пред масакрот

 

Истражните органи го прегледуваат телефонот на 14-годишниот Коста кој изутрината изврши масакр во училиште во Белград, јавуваат српските медиуми. Тоа би требало да даде одговор на дел од прашањата поврзани со истрагата.

„По вештачењето ќе се знае кому му напишал тоа утро, и што барал на интернет“, вели извор за „Блиц“.

Никола Ускоковиќ од Вишото јавно обвинителство во Белград за РТС изјави дека момчето кое го изврши масакрот во училиштето во Врачар е предадено на Центарот за социјална работа. Посочува дека од момчето ќе биде земена изјава, а потоа ќе му биде извршен медицински преглед.

Веќе им е предаден на работниците од Центарот за социјална работа. Ќе се земе крв за анализа со цел да се утврди дали во моментот на настанот бил под дејство на дрога, психоактивни супстанци или алкохол. После тоа, сите дејствија ги преземаат надлежните служби на Центарот за социјална работа и преземаат дејствија и мерки од нивна надлежност – изјави за РТС Ускоковиќ.

Момчето според последните информации страшното злосторство го испланирало месец дена однапред.

Кај него биле пронајдени два рачно напишани документи на кои забележал кого и како планира да убие во училиште.

 

03.05.2023 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега