ВРЕДИ: ДУИ нон грата 20 години власт со 1% морал и 100% корупција
ДУИ, партијата која 20 години се однесува како приватна фирма, изгледа почна да ги напаѓа сите освен идеолошкиот близнак Левица, од страв дека народот конечно ја сфатил нејзината игра. Изјавите на ДУИ се претворија во бледи дневни написи за партија која некогаш имала идеи, а денес има само криминал. Со 1% морал стануваш 100% корумпиран, велат од коалиција ВРЕДИ.
-ДУИ не треба да зборува за поддршка од народот кога самата преку уцени, корупција и заплашување создаваше илузија на моќ. Локалните избори ќе бидат крајот на ова раководство на ДУИ. Со 1% транспарентност, стануваш 100% мафија! ДУИ зборува за судовите? Но, кој ги направи судиите партиски слуги? Нивните министри заедно со Сашо Мијалков беа во комисијата за именување судии. Кој ги измислуваше тендерите? Кој ја зароби државата одполитичари со дебели банкарски сметки во Дубаи и Монако? Со 1% срам стануваш 100% авторитарен, велат тие.
Од ВРЕДИ прашуваат дали ДУИ тврди дека го брани Охридскиот договор?
-Нели тие ја политизираа администрацијата, вработуваа партиски војници, а квалификувани луѓе останаа без работа и принудени да емигрираат? Семејствата на функционерите профитираа, додека обичните граѓани заминаа да работат во Европа. Со 1% вистина стануваш 100% манипулативен! ДУИ зборува за „официјален статус на албанскиот јазик“? Тие самите го прифатија како јазик што го зборуваат имагинарен процент на луѓе. ДУИ го користи албанскиот јазик само за пропаганда, додека наставниците работат без средства, учениците немаат книги, а младите масовно ја напуштаат државата. Со 1% демократија стануваш 100% диктатор! ДУИ зборува за “вредности“, додека народот гледа како градат казина, уништуваат чесни бизниси и ја претвораат државата во оаза на криминалот. Додека патуваат со луксузни автомобили, луѓето бројат денари за да преживеат, велат од ВРЕДИ.
Од колаицијата му порачуваат на ДУИ дека со 1% визија, стануваш 100% некомпетентен!
-Каков развој донесе ДУИ во областите каде што владее? Општините под нивна контрола се заглавени во долгови, без инфраструктура, без квалитетно образование и без инвестиции во младите. Единствениот развој што го овозможија е оној на нивните приватни бизниси. Со 1% одговорност стануваш 100% деструктивен! ДУИ зборува за Европа, но со години ги блокира евроинтеграциите поради нивните лични политички калкулации. Кога требаше да се донесат важни закони, тие беа зафатени со доделување државни тендери. Кога требаше да се борат против корупцијата, создадоа нови коруптивни шеми. ДУИ е првата албанска партија која зборува против западните партнери. Со 1% искреност стануваш 100% предавник на народот! ДУИ 20 години ја продава приказната за заштита на Албанците, но кој навистина имаше корист? Обичниот граѓанин или нивните бизнисмени? Народот живее во сиромаштија додека тие ги полнат џебовите. Ова не е заштита на Албанците – ова е предавство! ДУИ е политичка структура која знае само лаги, кражби и манипулации. Затоа денеска панично напаѓаат, бидејќи знаат дека им се ближи крајот! Локалните избори ќе бидат крајот на ова раководство на ДУИ, велат од ВРЕДИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа