ВРЕДИ: Груби ја командува ДУИ со далечинско

 

ДУИ е свесна дека има само еден начин да го избегне поразот: да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето! Ова е нивната последна карта, бидејќи знаат дека Албанците веќе не им веруваат. Самиот Али Ахмети призна од Липково: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Што покажува ова? Дека ДУИ нема ниту идеи, ниту програма, ниту нови луѓе – туку само страв од уценување.

Оваа партија, која две децении ги држеше Албанците како заложници со лаги и политички манипулации, денес е заробена од една верхушка потопена во корупција и паника. Сега не одлучуваат повеќе ниту нивното  членството, ниту гласачите – ДУИ се командува со далечинско од бегалецот Артан Груби.

Тие што некогаш се фалеа дека не се плашат ниту од бомбите од 2001 година, денес се сведени на тоа да им се тресат колената од политичките бомби на Артан Груби!

Дали Артан Груби е авторот на сценариото за бојкот на локалните избори? Со што Артан Груби го држи ова раководство на ДУИ во заложништво? Албанците треба да ја знаат вистината! Времето на ДУИ заврши – никој нема да ги спаси од казната на народот!

Коалиција „Вреди“

03.03.2025 - 10:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега