Вучиќ: Денеска Бугарија ја блокира Македонија, утре некој друг

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешниот Стратешкиот форум на Блед оцени дека регионот е уморен од чекање на патот кон ЕУ. Според него, Западен Балкан е постојано потиснуван во втор план пред европските приоритети.

-Тој ентузијазам веќе не егзистира. Ако го видите примерот со С.Македонија, која го смени името на државата. Добија ветување од сите дека ќе го отворат преговарачкиот процес. Дали го отворија, не го отворија. Денеска е Бугарија, утре ќе биде некој друг – изјави Вучиќ.

01.09.2021 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега